Познато до кога Ѓоковиќ мора да одлучи дали ќе игра на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ пред неколку дена официјално започна трка со времето, а крајната цел е учество на Вимблдон. Ѓоковиќ на 5. јуни во Париз го оперираше менискусот на десното колено, а малкумина веруваа дека ќе успее да се опорави за Вимблдон, но закрепнувањето оди побрзо од очекуваното.

Новак во изјава за Би-Би-Си рече дека ќе игра само доколку почувствува дека е блиску до максимумот и дека конечната одлука ќе ја донесе пред  ждрепката за третиот гранд-слем турнир во сезоната.

Новак е седумкратен шампион на Вимблдон, а титулата од прошлата година на турнирот кој почнува на 1. јули ја брани Карлос Алкараз.

Се вчитува...