Американската кошаркарска ѕвезда Крис Пол на 40-годишна возраст ќе ја одигра последната сезона во НБА и тоа во екипата на Лос Анџелес Клиперс, клубот за кој со успех настапуваше шест сезони.
Фантастичниот бек сака да биде блиску до семејството на залезот на кариерата, а со оглед на тоа што тие живеат во Лос Анџелес постоеа само две опции – Клиперс и Лејкерс.
Пол помина шест сезони во дресот на ЛА Клиперс од 2011 до 2017 година создавајќи го претпознатливиот тандем „Лоб Сити“ заедно со Блејк Грифин и Деандре Џордан.
Минатата сезона беше дел од Сан Антонио каде бележеше просек од 8.8 поени, 7.4 асистенции и 3.6 скокови за 28 минути поминати на теренот. Спарс не беа единствениот тим за кој настапуваше во Тексас бидејќи порано ги бранеше и боите на Хјустон, како и за Њу Орлеанс, Оклахома, Феникс и Голден Стејт низ долгата кариера која трае од 2005 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

