Познато е каде ќе се играат сите натпревари во завршницата во Лигата на Нации

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија на „Местаља“ ќе ја пречекаат Холандија во реванш натпреварот од четврт-финалето на Лигата на нации.

Шпанскиот фудбалски сојуз соопшти дека бранителот на титулата во Лигата на нации ќе ги пречека „лалињата“ на стадионот на Валенсија во недела на 23 март во реваншот од четврт-финалето. 

Останатите седум учесници во Лигата на нации многу порано најавија каде ќе се играат четвртфиналните натпревари.

Холандија на 20 март во Ротердам ќе ја нагости Шпанија. Хрватска на 20 март ќе ја пречека Франција во Сплит, а реваншот е три дена подоцна на стадионот „Сент Дени“ во Париз. На 20 март Данска ќе ја пречека Португалија во Копенхаген, додека реваншот ќе се игра на 23 март на стадионот Хозе Алваладе во Лисабон. Италија на 20 март ќе ја пречека Германија во Милано, а три дена подоцна „елфот“ ќе ги дочека „аѕурите“ во Дортмунд.

Се вчитува...