Бразилецот Нејмар е пред заминување од Ал Хилал и враќање на добро познато место, во Сантос, клубот каде настапуваше како младинец и каде што дебитираше во сениорската кариера и воедно од каде што се пресели во Барселона во 2013 година.
За прескапиот Нејмар повеќе нема место во клубот од Саудиска Арабија, а и самиот инсистирал на враќање во татковината и Сантос и пред побогатите понуди од Соединетите американски држави.
Сантос чека зелено светло од Ал Хилал за реализација на трансфер кој ќе биде позајмица до крајот на сезоната по што ќе потпише и нов договор како слободен фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

