Познато е кога Гранада и Атлетик Билбао ќе го доиграат прекинатиот натпревар

Натпреварот помеѓу Гранада и Атлетик Билбао од 16. коло од шпанското првенство кој беше прекинат вчера поради смрт на навивач на домашниот тим ќе биде продолжен денеска од 21 часот, пренесе Ла Лига.

Како потсетување, натпреварот беше прекинат во 17. минута откако му се слоши на навивач на трибините. И покрај интервенцијата на медицинскиот персонал откриено беше дека фанот починал на пат кон болница па двата тима од почит одлучија да не ја доиграат средбата.

Се вчитува...