Грчката кошаркарска репрезентација и јавноста конечно ќе го видат Јанис Адетокумбо на теренот ова лето.
Според грчките медиуми, двократниот НБА МВП ќе игра на контролата против Летонија на 20 август која ќе се игра во Атина.
Адетокумбо досега не беше дел на ниту еден натпревар од подготовките, а претходно неговото отсуство беше поврзано со наводните неплатени осигурителни обврски на Кошаркарската федерација на Грција кон Милвоки Бакс.
Осигурувањето што беше платено не ја покрива операцијата во случај тој навистина да се повреди, што ги загрижува Милвоки Бакс и тие не сакаат да ризикуваат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

