Познато е кога ќе се одигра спектаклот помеѓу Шпанија и Бразил

Фудбалските репрезентации на Шпанија и Бразил ќе одиграат пријателски натпревар на 26. март во главниот град на европската држава, поточно на легендарниот стадион „Сантијаго Бернабеу“, потврди Фудбалската федерација на Шпанија.

Овој натпревар ќе биде одигран со цел „да се зголеми посветеноста на борбата против насилство и расизам во фудбалот, така што ќе се направи голем фудбалски спектакл помеѓу двете најмоќни селекции на меѓународната сцена“, како што стои во соопштението на шпанската федерација.

До оваа идеја дојде по расистичките навреди кон фудбалерот на Реал Мадрид, Бразилецот Винисиус Џуниор на средбата против Валенсија.

Се вчитува...