Познато е кога Модриќ ќе се врати на теренот

Лука Модриќ поради повреда на бутниот мускул на левата нога ги пропушти натпреварите против Наполи и Гранада, но капитенот на хрватската репрезентација ги надмина проблемите и наскоро ќе се врати на теренот, потврди и италијанскиот стратег на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

Хрватот веќе одработе еден индивидуален тренинг во клупскиот центар, а очекувањата се дека од понеделник и ќе се врати во тренажен процес со првиот тим и ќе конкурира за следниот настап.

„Модриќ ќе биде со тимот за следниот натпревар“, кратко соопшти Анчелоти.

За разлика од претходните сезони кога беше незаменлив дел од тимот, Модриќ оваа сезона не добива голема шанса. 38-годишникот досега настапи на 16 натпревари на кои забележа две асистенции.

Се вчитува...