Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Никола Јокиќ е надвор од терените по стекнатата повреда на коленото и продолжува со рехабилитацијата за што поскоро да се врати во тимот на Денвер.
Неговото враќање се очекува да биде на почетокот на месец февруари, пренесува НБА инсајдерот Марк Стејн.
„Почетокот на месец февруари е најраната дата во тимот на Денвер ќе се вратат Никола Јокиќ и Кем Џонсон, двајата кои имаат повреда на коленото“, пишува Стејн.
Јокиќ пред повредата бележеше „трипл-дабл“ просек од 29.6 поени, 12.2 скокови и 11.0 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

