Големото засилување на Партизан, американскиот бек Дуан Вашингтон поради несекојдневни околности не можеше да ја започне евролигашката сезона со белградскиот тим, но веќе од следната седмица се очекува да се го обелече „црно-белиот“ дрес.
Вашингтон беше дел од спектакуларниот НБА трејд кој го испрати Ентони Таунс во Њујорк Никс, а самиот тој заврши во редовите на Шарлот. За Хорнетс настапи во Летната лига, но беше отпуштен од клуб со заработка од две милиони долари па се врати назад во Европа.
Според српските медиуми тој веќе е во Мадрид каде Партизан вечерва ќе се сретне со Реал, но нема да биде дел од тимот бидејќи официјално, повторно не е кошаркар на белграѓани. Наскоро ќе биде потпишана нова соработка и неговото деби се очекува да биде на натпреварот против Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА