После сензационалната елиминација на Србија од Евробаскетот од Финска во осминафиналето, се чини дека на искусниот Светислав Пешиќ му се одбројани деновите на клупата на српскиот национален тим. И покрај тоа што важеа за главни фаворити за златото, сепак, на крајот доживеаја елиминација од Финците. Сега српските медиуми објавуваат кој е најсериозниот кандидат за негов наследник.
Како што јавува „Спорт клуб“, српскиот тренер Душан Алимпијевиќ е првиот кандидат за наследник на Пешиќ. Јавуваат дека веќе биле направени првите контакти помеѓу Кошаркарската федерација на Србија и тренерот за негово преземање на националниот тим на нашиот северен сосед.
Во исто време порталот јавува дека договорот со сегашниот селектор Светислав Пешиќ, кој истекува на крајот од месецот, нема да биде продолжен, што значи дека Србија наскоро ќе има нов селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

