Познато е кој е шести најдобар кошаркар сезонава во НБА

Кошаркарот на Бостон селтикс, Пејтон Причард е прогласен за најдобар шести играч во НБА.

Споменатата награда се доделува на кошаркарот кој дава најголем придонес од клупата. Очекувано, Причард славеше пред Малик Бисли од Детроит и Тај Џером од Кливленд.

Бекот од Масачусетс имаше просек од 14,3 поени, со одличен процент од 40 отсто за три поени, што е и негово главно оружје. Во регуларниот дел погоди 255 тројки.

Во лигата е од 2020 година, кога Селтикс го избраа како 26. пик во првата рунда од универзитетот Орегон.

Се вчитува...