Драган Стојковиќ – Пикси, селекторот на Србија во последно време е често на удар на јавноста. Најпрво поради слабите резултати на СП во Катар 2022, а потоа и по елиминацијата од ЕВРО 2024. Меѓутоа секогаш некако успеваше да ја добие довербата од федерацијата и да остане на клупата.
Сепак, се чини дека последна шанса да направи конечен исчекор кон успех ќе му биде идниот Мундијал во 2026 година. Доколку не успее, тогаш можно е да си замине од кормилото на репрезентацијата.
Српските медиуми пишуваат дека веќе е познат и наследникот на популарниот Пикси на кормилото на Србија. Следен кој ќе биде селектор најверојатно ќе биде Дејан Станковиќ, актуелниот тренер на Спартак Москва. Станковиќ во минатото ја водеше Црвена Звезда, а кратко беше и во екипите на Сампдорија и на Ференцварош.
Стојковиќ е селектор на Србија од 2021 година. Претходно беше на клупата на Гвангжу, а ја водеше и Нагоја, каде што најмногу се истакна во својата играчка кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

