Познато е кој ќе се бори за титулата „најдобар тројкаш“ на НБА Ол-стар 2024

Во пресрет „Ол-стар“ викендот во НБА лигата американскиот инсајдер за најсилното кошаркарско првенство во светот, Шемс Чаранија ги откри кошаркарите кои ќе се борат за титулата „најдобар тројкаш“.

Тоа се: Тајрис Халибуртон од Индијана, Дамиен Лилард и Малик Бизли од Милвоки, Џејлин Брансон од Њујорк Никс и Лаури Марканен од Јута.

НБА „Ол-стар“ викендот кој оваа година ќе се одржи во Индијанаполис ќе биде комплетиран од 16. до 18. февруари.

Се вчитува...