Познато е колкава пауза го чека Ансу Фати

Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати на вчерашниот меч одново се повреди. Талентираниот напаѓач вчера во „ремито“ со Селта 3:3, излезе предвреме. Даде гол, но мораше да остане во соблекувалната.

Фати се врати од тешка повреда во текот на септември, после долга пауза.

Како што објавува „АС“, младиот напаѓач ќе паузира најмалку еден месец, но на Барселона оди во прилог што сега има пауза поради репрезентативните настапи, па ќе има време да се рехабилитира.

Порано е објавено дека напаѓачот Кун Агуеро ќе пропушти три месеци поради проблеми со срцето.

Се вчитува...