Шпанскиот голман Давид де Геа, кој едно време важеше за еден од најдобрите голмани во светот, пред неколку дена му пропадна трансферот во италијанска Џенова. Причината е неговата плата, која и натаму е висока, и покрај тоа што чуварот на мрежата паузираше една сезона.
Де Геа минатата сезона си замина од Манчестер Јунајтед, и е слободен агент, а пропаднаа преговорите со неколку тимови околу негов ангажман. Беше пред прагот на Реал Мадрид, но на крајот „кралевите“ се одлучија за Кепа.
Според медиуми, Де Геа и натаму бара висока плата, односно сака да заработува 5 милиони евра по сезона. Тоа е многу за некои клубови како Џенова и Фиорентина, а сега е на добар пат да замине во Саудиска Арабија, каде што ќе може да ја добие посакуваната плата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

