Познато е колку Елмас ќе го чини Наполи

Елиф Елмас 20 месеци по заминувањето во Лајпциг повторно е член на Наполи откако „сино-белите“ попладнево и официјално го потврдија камбекот на македонскиот репрезентативец на големо задоволство и кај Македонецот и кај неаполитанците.

Елмас се враќа во југот на Италија на позајмица вредна три милиони евра, а шампионот на Серија А има и право на откуп на неговиот договор за 16.5 милиони евра на крајот на сезоната.

Притоа Наполи целосно ќе ја покрива платата на македонскиот репрезентативец за кој следниот натпревар ќе биде негов 190-ти во дресот на Наполи.

Се вчитува...