Познато е колку ќе отсуствува Александер-Арнолд

Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер Арнолд нема да биде дел од репрезентацијата на Англија за престојните обврски во Лигата на Нации поради повреда.

Бекот на средбата против Астон Вила во Премиерлигта мораше да го напушти теренот во 25. минута откако се пожали на повреда на коленото па беше и експресно заменет за да не дојде до сериозна повреда на тетивата.

По деталните лекарски прегледи утврдено е дека сепак не станува збор за тешка повреда и неговиот камбек на терените се очекува на крајот на месецот и дуелот против Саутемптон кој е закажан за 24. ноември.

Се вчитува...