Дани Олмо се покажа како фантастично засилување за Барселона, стрелајќи и на натпреварот против Џирона, меч во кој Шпанецот сепак заработи повреда па ќе мора краток период да помине низ рехабилитација.
Привичните информации велат дека станува збор за полесна повреда на десното колено кое и претходно му предизвикуваше проблеми. Очекувањата се дека репрезентативецот на Шпанија ќе биде надвор од теренот од седум до десет дена.
Тоа значи дека 26-годишникот ќе го пропушти стартот на Лигата на Шампиони и средбата против Монако. Покрај тоа мала е веројатноста дека ќе настапи и на следниот натпревар од Ла Лига во кој каталонците ќе се соочат со Вилјареал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА