Интер нема да може да смета на услугите на Пјотр Зиелински следниот месец и пол поради стекнатата повреда на натпреварот против Монца во Серија А. Полскиот репрезентативец влезе во игра во 70. минута, но мораше да го напушти теренот по само три минути.
По деталните прегледи беше утврдено дека станува збор за повреда на мускулот на подколеницата на десната нога, повреда која одново ќе биде проценета по неколку недели.
Зиелински оваа сезона настапи на 33 натпревари за актуелниот шампион на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

