Познато е колку ќе паузира Камавинга по вчерашната повреда

Крици, шок и неверување, сите се фатија за глава кога на вчерашниот тренинг на Реал Мадрид пред финалето во УЕФА Супер-Купот, фудбалерот Едуардо Камавинга се пожали на повреда на коленото. Сите веќе помислија на најлошото – кинење на лигаментите. Па така играчите се држеа за глава и во неверување гледаа кон својот соиграч.

Меѓутоа повредата не е толку сериозна. Тој се очекува да паузира само 6-7 недели, односно два месеци. Со оглед дека можеше да биде полошо, ова може да се каже дека е добра вест за „кралевите“.

Се очекува со тоа Камавинга да се врати некаде кон октомври, и да се стави на располагање на Карло Анчелоти, а вечерва од трибините ќе ги бодри своите соиграчи да дојдат до нов трофеј во УЕФА Супер-Купот.

Се вчитува...