Европското првенство во Германија официјално започнува во петок од 21 часот на „Алијанц“ арената во Минхен каде ќе се сретнат домаќинот и репрезентацијата на Шкотска. Освојувачот на шампионатот ќе биде познат на 14 јули, а УЕФА го откри и наградниот фонд.
Истиот е во износ од вкупни 331 милиони евра со тоа што на секоја репрезентација само за настапот и следуваат 9.25 милиони евра. За секоја победа во групната фаза следуваат дополнителни еден милион евра, а секое реми носи 500 илјади евра.
Ако репрезентацијата испадне во осминафиналето ќе добие награда од 1.5 милиони евра, а доколку биде елиминирана во четвртфиналето ќе и следуваат 2.5 милиони евра. Пласманот меѓу најдобрите четири носи четири милиони евра, а шампионот ќе заработи осум милиони евра.
Максималниот износ кој може да го заработи една репрезентација која ќе ги добие сите три натпревари во групната фаза и на крајот ќе се радува на трофејот е 28.25 милиони евра што е помалку во однос на последното европско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

