Барселона стигна до првиот трофеј во сезоната откако во финалето на Суперкупот на Шпанија го декласираше вечниот ривал Реал Мадрид со 5-2 во натпревар во крај „кралскот“ тим прв поведе, но веќе до полувремето каталонците одговорија со четири гола во противничката мрежа.
Покрај трофејот, каталонците ќе добијат и финансиско олеснување бидејќи првиот трофеј во сезоната им донесе и заработка од девет милиони евра. Барселона се соочува со финансиски проблеми па овој прилив ќе биде добредојден за претседателот Жоан Лапорта.
Реал Мадрид остана без трофеј, но и самиот заработи седум милиони евра со самото тоа што се најде во големото финале во Џеда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА