Познато е колку Реал Мадрид треба да му плати на Баер Леверкузен за Алонсо

Реал Мадрид ќе мора да плати минимум 10 милиони евра на Баер Леверкузен доколку сака да го ангажира Чаби Алонсо како замена за Карло Анчелоти, тврди Билд. Шпанецот има договор со „аспирините“ до летото 2026 година и иако има начелен договор со раководството да го ослободи доколку Реал Мадрид испрати понуди, германскиот клуб ќе бара минимум 10 милиони евра за 43-годишниот стручњак.

По вчерашната елиминација од Арсенал, речиси е извесно дека Карло Анчелоти ќе добие отказ, а според некои информации тоа би можело да се случи дури и пред крајот на сезоната – по финалето на Купот на кралот со Барселона.

Раководството на Реал Мадрид сака предвреме да ја подготви замената на Анчелоти, бидејќи има само 24 дена од крајот на сезоната во Ла Лига и Светското клупско првенство. Во Шпанија велат дека Чави сака  да го води Реал. Сепак, претходно денеска се појавија информации дека Флорентино Перез ќе се обиде да го убеди Јирген Клоп. Не е исклучено и враќање на Зинедин Зидан на Сантијаго Бернабеу.

Се вчитува...