Крилниот играч на Арсенал Букајо Сака беше опериран поради повреда на тетивата која сигурно ќе им ја отежне работата на „топчиите“ кои го бркаат Ливерпул на врвот во Премиерлигата.
Тренерот Микел Артета откри повеќе за постапката по победата над Ипсвич.
„Се беше добро, но за жал тој ќе биде надвор од терените уште долго време. Кога велам многу, тоа е повеќе од два месеци, иако сè уште не го знаеме точниот датум на враќање. Ќе зависи од тоа како ќе зарасне раната, каква ќе биде неговата подвижност“, изјави Артета.
Доколку овие прогнози се покажат точни, Сака нема да игра против Тотенхем, Астон Вила, Манчестер Сити во Премиерлигата, но и против Динамо Загреб во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА