Познато е колку заработи Манчестер Сити од „тројната круна“

Манчестер Сити сезоната за восхит во која ја освои Премиерлигата и ФА Купот на домашно тло ја комплетираше со трофејот во Лигата на Шампиони откако во големото финале славеше против Интер со 1-0.

Трите освоени титули во сезоната покрај слава донесоа и добра заработка за клубот од Манчестер. Според англиските медиуми вкупниот износ кој ќе го добијат „граѓаните“ изнесува 330 милиони евра.

Од нив 190 милиони евра доаѓаат за освојување на Премиерлигата, 4.5 милиони евра за ФА Купот, а 135 милиони евра за Лигата на Шампиони.

А, постои и можност за дополнително зголемување на добивката. Манчестер Сити како победник на Лигата на Шампиони осигура место на Светското клупско првенство чие освојување носи приход од 58 милиони евра.

Се вчитува...