Клаудио Ечевери, аргентинскиот талент кој беше купен од Манчестер Сити за 14,5 милиони евра и девет милиони како бонуси, ќе биде првото засилување на тимот на граѓаните. Играчот кој игра како позајмен во Ривер, и според договорот треба да остане до јуни, сепак, Сити ќе ја активира клаузулата да го земе во совите редови порано.
Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола наводно планира да го доведе Ечевери во првиот тим уште во јануари, за да може да го подготви за следните предизвици.
Ечевери досега одигра 22 меча во аргентинскиот шампионат и постигна три гола и три асистенции. Претходно беше најавено дека би можел да оди на нова позајмица, но во Европа, меѓутоа веројатно тоа нема да се случи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА