Во деновите кога селекторите ги објавуваат списоците за Европското првенство, пристигна првото звучно име кое ќе отсуствува од овој турнир. Имено, Европското првенство ќе се одржи без Марк Андре Тет Штеген, одличниот голман на Барселона, кој ќе мора да оди на операција.
Барселона денес потврди дека германскиот голман ќе мора да оди на операција на коленото, а неколку часа подоцна и самиот Тер Штеген потврди дека нема да биде на Европското првенство. Искусниот 29-годишник ќе се оперира во четврток, 20 мај во Малме, Шведска. Операцијата ќе ја изврши хирургот Хакан Алфредсон под надзор на медицинскиот персонал на Барселона.
“Заедно со медицинскиот тим, решив дека ќе направам операција на коленото. Тажен сум што го пропуштам Европското првенство со Германија. За прв пат по неколку години, ќе бидам уште еден навивач кој навива за својата земја од дома”, рече Штеген.
Со оглед на тоа што Германија го има Мануел Нојер, отсуството на Тер Штеген и нема да биде голем хендикеп. Тер Штеген го освои Купот на кралот со Барселона оваа сезона.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА