Познато е зошто Ласо го напушти Баерн Минхен, веќе има нов клуб

Фановите на Баерн Минхен останаа шокирани по информацијата денеска дека Пабло Ласо го напушти кормилото на кошаркарскиот гигант од Германија. Шпанецот се одлучи да си замине после само една сезона, иако имаше договор и наредната.

Сега е јасно зошто Ласо се одлучил на ваков чекор. Тој веднаш најде нов клуб. Во идните три години ќе работи во шпанскиот тим Басконија. Токму враќањето во Шпанија беше една од причините да ја напушти Германија.

Басконија веднаш го објави трансферот на Ласо, кој во минатото долги години беше на кормилото на Реал Мадрид.

Се вчитува...