Познато е зошто Нагелсман никако не сака во Тотенхем

Англиските медиуми пренесоа вест дека Тотенхем дефинитивно не сака да го донесе поранешниот тренер на Баерн, Јулијан Нагелсман на својата клупа.

Тој беше најсериозен кандидат за замена на Антонио Конте, но Тотенхем сега се откажа откако Нагелсман претходно одби да се впушти во било какви преговори со лондонскиот клуб додека не потпишат нов спортски директор.

Таа функција остана испразнета по заминувањето на Фабио Паратичи кој доби двегодишна суспензија по аферата уште додека беше во Јувентус. Тотенхем се уште нема решение за функцијата спортски директор, па затоа Нагелсман не сака се впушта во неизвесна авантура.

Се вчитува...