Фудбалскиот клуб Јувентус одлучи да го продаде Душан Влаховиќ, без разлика дали во претстојниот зимски или следниот летен преоден рок ќе зависи од понудите кои ги имаат за него. „Старата дама“ ја пронајде замената за Србинот во името на Алваро Мората, пишуваат италијанските медиуми.
Влаховиќ има важечки договор со Јувентус до крајот на јуни 2026 година, според кој заработува седум милиони евра по сезона, што во моментов е премногу за клуб кој е во секој можен тип на криза, вклучително и финансиска.
Како што стојат работите, пореално е трансферот на српскиот репрезентативец да се случи во летниот преоден рок, а спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли, сака да го врати во тимот Алваро Мората.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА