Валид Реграги ќе ја напушти клупата на мароканската репрезентација, иако официјалната потврда сè уште не е пристигната.
Фудбалската федерација на Мароко нема да го објави неговото заминување додека не се обезбеди замена, но веста за отпуштањето е веќе позната во рамките на Конфедерацијата на африкански фудбал, пишуваат медиумите во Мароко.
Голем фаворит за мароканската клупа е Чави Хернандез (46). По заминувањето на Реграги, треба да следат преговори со Чави, кои би можеле да бидат комплицирани, според „Марка“. Имено, шпанскиот стручњак е познат по тоа што не е склонен да презема проекти на средина од циклусот, претпочитајќи да ги започне од нула. Со оглед на тоа што Светското првенство е само четири месеци оддалечено и очекувањата се високи, останува да се види дали Чави ќе направи исклучок.
Поранешниот тренер на Барселона е без работа година и пол откако го напушти каталонскиот клуб по освојувањето на Ла Лига и шпанскиот Суперкуп. Мароканската фудбалска асоцијација е убедена дека тој е врвен специјалист кој треба да ја предводи репрезентацијата на Светското првенство во 2026 година во Канада, САД и Мексико.
Мароко на СП е во група со Шкотска, Бразил и Хаити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

