Новак Ѓоковиќ ќе ја започне сезоната 2026 во Аделаида, потврдија организаторите. По три години, Новак Ѓоковиќ се враќа во Аделаида, каде што ја започна сезоната 2023 со освојување на титулата.
Организаторите со нетрпение најавија дека најголемата ѕвезда на турнирот, кој ќе се игра од 12 до 17 јануари, ќе биде српскиот тенисер.
„Дефинитивно се чувствувам како да играм дома“, рече Новак кога го освои трофејот на ова место во 2023 година.
Во 2023 година, Ѓоковиќ го победи Себастијан Корда во финалето, а на овој турнир учествуваше двапати – во 2023 година и пред тоа во 2007 година. Од Аделаида дојде потврда дека Џек Дрејпер, Жоао Фонсека, Томи Пол и Стефанос Циципас ќе учествуваат на турнирот, кој е во категоријата 250.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

