Фудбалската федерација на Украина објави каде репрезентацијата на оваа земја ќе ги одигра своите натпревари во Лигата на нации. Поради инвазијата на Русија на Украина, репрезентацијата на оваа земја двата домашни меча од Лигата на нации ќе ги игра во Полска.
Украина во јуни два меча треба да одигра на домашен терен, а Полската фудбалска федерација ја ослободи „ЛКС арена“ во Лоѓ. Украина во двата натпревари кои ќе ги игра во Полска ќе се сретне со Ерменија на 11. јуни и Република Ирска на 14. јуни.
Фудбалскиот сојуз на Полска излезе да и излезе во пресрет на Украина за потребите на клубовите, па претходно беше најавено дека Шахтјор во оваа земја ќе ги игра натпреварите од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА