Познато кога Дончиќ ќе го има своето деби за Лејкерс

Лука Дончиќ официјално ја започна својата нова НБА авантура како член на Лос Анџелес Лејкерс, по историската размена во која Далас Маверикс се простија од својата ѕвезда.

Дончиќ на синоќешниот натпревар против Голден Стејт Вориорс и се претстави на домашната публика која го пречека со овации, а тренерот, Џеј Џеј Редик откри кога го очекува на паркетот.

„Најверојатно во понеделник. Не е стопроцентно сигурно, но јас одам на тоа. Се е добро. Се надевам на потврда во следните неколку дена. Сите сакаме да го видиме во дресот на Лејкерс“, изјави Редик. 

Се вчитува...