Познато кога ќе се вратат Куртоа и Милитао во тимот на Реал Мадрид

Добри вести доаѓаат од редовите на Реал Мадрид бидејќи во тимот веднаш по мартовската пауза се враќаат Тибо Куртоа и Едер Милитао. Оваа информација ја потврди тренерот на тимот од Мадрид, Карло Анчелоти.

Куртоа и Милитао претрпеа тешки повреди на почетокот на сезоната и сега ја поминаа индивидуалната тренерска фаза и се враќаат во остатокот од тимот. Анчелоти на прес-конференцијата истакна дека Бразилецот и Белгиецот се враќаат по репрезентативната пауза.

Реал ќе биде во најсилниот состав во клучниот дел од сезоната. Двојката ќе биде подготвена за четвртфиналето на Лигата на шампионите, закажано за првата половина на април, како и за „Ел Класико“ закажано за 21. април.

Се вчитува...