Познато e кога Меси ќе дебитира за ПСЖ

Најголемиот трансфер кој се случи ова лето е преминот на Лео Меси од редовите на Барселона во ПСЖ. Парижани по долго време конечно го добија посакуваниот играч, Аргетнинецот притоа беше и спектакуларно претставен пред навиачите на првиот меч од сезоната, а сега останува уште и официјално да дебитира во дресот на „светците“.

Со оглед на тоа што Меси во текот на летниот период настапуваше со неговата репрезентација на Копа Америка, а по доаѓањето во ПСЖ одработи само неколку тренинзи, дебито ќе се случи на 29. август кога ПСЖ му гостува на Ремс во 4. коло од француското првенство, пренесува Скај Спортс.

Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат дебито на еден од најдобрите фудбалери во историјата, а според тоа што можевме да го проследиме на тренинзите на тимот, не очекува пеколно интересна сезона.

Се вчитува...