Познато кога Меси ќе им се приклучи на соиграчите во ПСЖ

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси ќе се приклучи на тренинзите со тимот на 2. или 3. јануари, изјави тренерот на парискиот клуб Кристоф Галтје.

На 18 декември Меси го освои Светското првенство со Аргентина, а во финалето постигна два гола. Тој ќе го пропушти натпреварот против Стразбур во среда навечер, а за тој меч на располагање ќе бидат Килијан Мбапе и Нејмар.

„Тој мораше да се врати во Аргентина поради прославите и решивме да остане до 1. јануари. Тој ќе ни се придружи на 2. или 3. јануари за да може да игра. Така тој ќе има 13 или 14 дена закрепнување“, рече Галтје.

Килијан сакаше да ни се придружи што е можно поскоро“, додаде Галтје.

Се вчитува...