Лионел Меси во текот на денот ќе донесе одлука за продолжување на кариерата, а се чини дека нема да ја избере Барселона.
Според информациите на светските медиуми, Меси најмногу би сакал да се врати во Барселона, но тоа сценарио е се помалку сигурно.
Наводно, од тимот на Меси и порачале на Барселона дека тој мора да донесе одлука и дека веќе немаат време да ја чекаат нивната понуда, која се уште не е пристигната и покрај најавите дека до сега требало да се најде на масата на агентите на Меси.
Сите други понуди што ги доби од европските клубови не се доволно интересни, а во Саудиска Арабија дури и членовите на владата работат на тоа да го доведат Меси во оваа земја. Наводно веќе има понуда од Ал Хилал која е една од опциите.
Втората опција е Интер Мајами. Иако таа понуда, поради правилата за ограничено трошење на платите на играчите во МЛС, сигурно нема да може да се доближи до понудата од Саудиска Арабија. Сепак, преселбата во Интер би донела спонзори како „Адидас“ и „Епл“. Првата реакција на тимот на Меси на понудата на клубот на Дејвид Бекам беше дека идејата е премногу сложена и дека не се убедени дека е соодветна, па затоа најреална опција изгледа Саудиска Арабија.
Денеска веќе е потврдено и од Пари Сен Жермен, дека Аргентинецот и дефинитивно го напушта клубот на крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

