Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Кавај Ленард наскоро би можел да се врати на паркетот. Не видовме ниту една секунда на Ленард во НБА сезонава, но според американските медиуми ѕвездата на Лос Анџелес Клиперс наскоро би можела да заигра.
Ленард веќе некое време има големи проблеми со десното колено, а летово поради таа повреда ја пропушти Олимпијадата во Париз. Атлетик наведува дека тој е во Сан Диего каде што тренира со развојниот тим на Клиперс.
Кавај тренира со тимот, но и индивидуално и дозволена е контактна игра, што секако е охрабрувачки. Истите извори наведуваат дека тој за прв пат оваа сезона ќе игра на 4. јануари 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА