Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс го пропушта почетокот на сезоната поради повреда. Поради оштетување на нервите и проблеми со ишијас, беше објавено дека Леброн Џејмс ќе го пропушти почетокот на новата НБА сезона и на почетокот не беше познат датумот на неговото враќање.
Се веруваше дека ќе отсуствува околу три недели, но како што сега објавува инсајдерот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Леброн Џејмс „се насочува“ кон средината на ноември да се врати на паркетот.
Во следниот текст се наведува дека Џејмс ќе има лекарски преглед на 30. октомври и дека тогаш неговата состојба ќе биде попрецизно утврдена бидејќи никој не сака да брза со работите.
Шемс тврди дека е сосема реално Леброн да не игра до средината на ноември и дека Лејкерси не се загрижени за пропуштање на 10 до 15 натпревари на почетокот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

