Европската ракометна федерација ги објавија тимовите кои добија вајлд-карта за Лигата на шампионите во сезоната 2022/2023 година. Македонија по пауза од десет години ќе нема претставник во елитата, откако Вардар го изгуби местото поради долгови.
Последен пат Македонија немаше претставник во елитата во сезоната 2010/2011 година, откако Металург не успеа да ги помине квалификациите.
ЕХФ одлучи специјалните покани да им ги додели на: ППД Загреб, Алборг, Нант, Веспрем, Елверум, Висла Плоцк и Целје. Овие клубови им се приклучија на: ГОГ, Барселона, Пари Сен Жермен, Магдебург, Кил, Пик Сегед, Кјелце, Порто и Динамо Букурешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА