Тимот на Дукати објави дека Микеле Пиро, тест возачот на италијанскиот тим, ќе го замени повредениот Марк Маркез на претстојната трка за ГН на Австралија.
Деветкратниот светски шампион сигурно ќе ги пропушти следните две трки од Мото ГП шампионатот – во Австралија и Малезија, поради скршеница на клучната коска.
Дукати само потврди замена за Маркез за трката на Филип Ајленд значи дека некој друг би можел да вози на негово место во Сепанг една недела подоцна. Другата опција, заедно со Пиро е Николо Булега, кој се очекува да има клучни трки во борбата за титулата со Топрак Разгатлиоглу во Светскиот шампионат во супербајк викендов и следниот викенд.
За Пиро, Големата награда на Австралија ќе биде прва трка од минатогодишното финале во Барселона, кога го замени Фабио Диџанантонио во тимот на VR46.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

