Хрватскиот шампион Динамо Загреб се раздели со тренерот Сергеј Јакировиќ по дебаклот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
Модрите на дуелот против Славен Белупо во домашниот шампионат ќе бидат предводени од Сандро Перковиќ како привремено решение, додека не најдат подолготрајна опција на „Максимир“.
Перковиќ во својата играчка кариера беше играч од средниот ред на Металац Сисак, австриските клубови Гроспетерсдорф, Илцер и Нестелбах и Шегеста, а тренерската кариера ја почна во 2013 година.
Беше асистент во Пафос, младинскиот тим на Динамо, а исто така како главен тренер работеше во кипарски Акритас Клоракас и Рига. Неговиот сегашен мандат како помошник во Динамо трае од февруари минатата година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА