Репрезентациите на Шпанија и Англија во недела од 21 часот ќе се сретнат во финалето на Европското првенство кое изминатиот месец се играше во Германија.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денеска откри кој арбитар ќе биде на центарот на финалниот меч кој ќе се игра на Олимпискиот стадион во Берлин.
Главен судија ќе биде Франсоа Летесие од Франција, додека негови помошници ќе бидат Муњие и Рахмуни, исто од Франција. Четврти ќе биде Шимон Марчињак од Полска.
Во ВАР собата главен ќе биде Жером Брисард (Франција), а него помошник ќе биде Италијанецот Масимилијано Ирати. Огромна чест да биде делегат на натпреварот доби и Македонецот Филип Поповски. Поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија ќе биде задолжен за сè да биде под конец за време на финалето на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА