Ѓоковиќ слободен на стартот: Познато кој против кого на „Сикс Кингс Слем“

Официјално се познати двојките за првата рунда од натпреварите на сигурно највредните тениски егзибициски турнири во светот, „Сикс Кингс Слем“ кој ќе се одржува во Ријад во Саудиска Арабија.

Според натпреварувачката шема на организаторите, во четвртфиналето Јаник Синер ќе игра против Стефанос Циципас а потоа победникот од овој дуел во полуфиналето ќе оди на Новак Ѓоковиќ.

Во втората четвртфинална пресметка, Александар Зверев ќе се соочи со Тејлор Фриц, а победникот од овој меч во полуфиналето оди на Карлос Алкараз.

Турнирот на кој настапуваат шесте најдобри тенисери на денешницата ќе се одржи од 15 до 18 октомври.

Се вчитува...