Познато колку ќе отсуствува Погба од терените

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба заработи нова повреда и ќе отсуствува од терените две до три недели, објави Франс-прес.

Погба се повреди на натпреварот против Кремонезе кога беше заменет по само 23 минути. Прегледите извршени во клупскиот медицински центар откриле повреда на левиот бутен мускул.

„Овој тип на повреда обично значи опоравување од околу 15-20 дена“, изјавил клупски извор за Франс-прес.

Со оглед на тоа што сезоната во Италија завршува на 4. јуни, оваа повреда не му остава речиси никакви шанси на францускиот фудбалер повторно да заигра во дресот на Јувентус.

Од друга страна, тој има шанса да биде подготвен за следниот собир на француската репрезентација закажан за јуни, пред квалификациските мечеви за ЕП против Гибралтар и Грција.

Се вчитува...