Фудбалерот на Ливерпул, Костас Цимикас ќе отсуствува со месеци поради скршеница на клучната коска која ја заработи на саботното реми против Арсенал (1-1).
Како што пишува британски „Мирор“, Цимикас ја скрши клучната коска при падот што се случил по стартот на играчот од средниот ред на Арсенал, Букаи Сака а дуелот заврши со судир со својот тренер, Јирген Клоп.
Репрезентативецот на Грција ќе паузира најмалку три месеци, а можеби и подолго, што значи дека нема да може да настапи за националниот тим во мартовскиот бараж за пласман на ЕВРО 2024 година.
„Мирор“ додава дека Ливерпул ќе се обиде да ангажира лев бек по Нова година, штом започне преодниот рок, по повредата на Цимикас, а претходно и на Енди Робертсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА