Познато колку ќе заработи победникот во Лигата на шампионите

Вечерва од 21 часот во Минхен се игра финалето од Лигата на шампионите меѓу Интер и ПСЖ.

Интер ја брка четвртата титула, додека ПСЖ ја бара првата во историјата. Покрај престижот, клубовите очекуваат и рекордна заработка – секој досега има заработено повеќе од 135 милиони евра благодарение на новиот формат на УЕФА со 36 клубови и поголем награден фонд од 2,4 милијарди евра.

Победникот од вечерашниот меч ќе освои дополнителни 10,5 милиони евра, од кои четири милиони за пласман во Суперкупот на Европа.

Ланскиот шампион Реал Мадрид заработи вкупно 138,8 милиони евра, а Интер или ПСЖ сега ќе ја надминат таа бројка.

Се вчитува...