Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед потпиша договор со 22-годишниот словенечки напаѓач Бенјамин Шешко, член на германскиот РБ Лајпциг, за петгодишен договор до 2030 година, објави клубот од Премиерлигата.
Вредноста на трансферот е 76,5 милиони евра (89 милиони долари) со 8,5 милиони бонуси. Според „Сан“, Шешко ќе биде седмиот најплатен играч на Јунајтед. 33-годишниот бразилски играч од средниот ред Касемиро има највисока годишна плата со околу 20,8 милиони евра. Словенецот треба да заработува околу 9,6 милиони евра годишно во редовите на „црвените ѓаволи“ во следните пет сезони. Наводно, во договорот постои клаузула според која неговата плата би се зголемила на 12 милиони евра доколку Јунајтед се квалификува за Лигата на шампионите.
Шешко, кој дојде во Лајпциг од австрискиот РБ Салцбург во 2023 година, постигна 39 гола во 87 настапи во сите натпреварувања за германскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

